Одлични партии на Македонците во Аминтас

466

Грчкиот второлигаш Аминтас, кој е предводен од Адријано Котевски, а во кој настапуваат Синиша Павлов, Стефан Лозаноски и Владимир Трајкоски, одлично одработува во подготвителниот период пред стартот на првенството.

Аминтас на првиот пријателски меч против Пилеа триумфираше со четири гола разлика, 30:26. Павлов и Трајкоски реализираа по осум пати, додека Лозаноски додаде четири погодоци.

Во текот на вчерашниот ден, избраниците на Котевски беа поразени од Воден, екипа која минатата сезона заврши како второпласирана во тамошниот шампионат, со 32:31. И покрај негативниот исход, избраниците на Котевски покажаа дека можат рамноправно да се носат со поквалитетни противници.

На овој меч, Павлов блесна со 14 погодоци, Лозаноски имаше 10, а Трајкоски мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда.

Тројцата играчи, како и стратегот Котевски ова лето го прифатија предизвикот во Аминтас, а според прикажаното досега, тимот изгледа ќе има добра сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT