Кадетскиот тим на Прилеп триумфираше на гостувањето кај Струга со 36:32 во рамките од 2. коло од кадетската машка лига. За Прилеп ова е втор триумф, по оној во првото коло против Македонија Ѓорче Петров.
Кадетскиот репрезентативец Марио Столески имаше осум погодоци за победничката екипа, исто толку запиша и Бојан Наскоски, а по шест имаа Андреј Бошковски и Божидар Тодороски.
Кај Струга се истакна играчот со суперлигашко искуство – Војо Клењоски со 11 погодоци.
Кадетска машка лига, 2. коло, резултати:
Група А
Младост Богданци – Текстилец 34:32 (15:12)
Вардар Илинден – Еурофарм Пелистер 2 – во тек
21/09, 18:00, Радовиш – Вардар
23/09, 15:30, Овче Поле – Мулти Есенс
Група Б
Преспа – Еурофарм Пелистер 22:32 (10:15)
Алкалоид – Охрид 23:20 (11:7)
Пролет – Македонија Ѓорче Петров 37:27 (20:11)
Струга – Прилеп 32:36 (18:19)