Тимот на Тиквеш, кој вечерва со триумфот во Струга дојде до првата сезонска победа, се засили со Џулијано Христоски.
Прилепчанецот игра на позицијата десно крило и зад себе има солидно искуство. 23-годишниот ракометар последниот клупски ангажман го имаше во Металург РА, има настапувано и за Голден Арт и во составот на Тиквеш се приклучи по струшкиот турнир.
На позицијата десно крило во Тиквеш настапува и Балша Чејовиќ, кој покажа дека е големо засилување за кавадарчани, а по потреба на оваа позиција може да покрие и Мартин Димовски.
Тиквеш во октомври го очекува и двомечот против Бешикташ во рамки од 2. коло од Европскиот Куп.