Младата голманка Сара Илиоска (генерација 2009) во продолжението од сезоната ќе настапува за прволигашот ЖРК Стружанка.
Илиоска во клубот од Струга доаѓа од Младост Ресен, клуб со кој се натпреваруваше во младинските категории, а сега ќе има можност да настапува и на сениорско ниво.
Станува збор за талентирана голманка, а нејзиниот трансфер во Стружанка е идеална прилика да го покаже својот потенцијал во Првата лига.
Во Стружанка ќе настапува и Еџе Сејадин, исто така ракометарка од Ресен, која во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во кадетката лига.