Овче Поле Славјански Универзитет броеше до 47 против Шампион

370

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет одиграа како на тренинг против Шампион триумфирајќи со 47:10 (26:5).

За клубот од Свети Николе ова беше втора победа во новата натпреварувачка сезона, а во следното коло избраничките на Илија Бетувски ќе гостуваат во Гостивар кај Јехона.

Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Сентовска со девет погодоци, шест имаа Јана Ристовска и Јована Ангеловска, по пет имаа Мелита Петрова и Наталија Манева.

Во гостинскиот табор се истакна Викторија Димеска со пет погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе