Никола Кузевски сам ја победи Струга, Вардар славеше над Младост Богданци

303

Денеска продолжија натпреварите од кадетската машка лига, а прва сезонска победа запиша Македонија Ѓорче Петров, откако триумфираше над Струга со 41:32.

Предводник во победничкиот тим беше Никола Кузевски, кој постигна дури 18 погодоци, додека во таборот на Струга отскокна Валентин Ѓорговски со 11 реализации.

Кадетите на Вардар ја запишаа третата победа, триумфираа над Младост Богданци со плус 12, 39:27. Голманот Алекс Трајановски имаше 11 интервенции, пет собра Пецев, додека во нападот сите ракометари го дадоа максимумот.

Најефикасни беа Давор Мечкароски и Тео Радуловиќ со по шест погодоци, по пет запишаа Филип Велковски и Борјан Велјановски. Во составот од Богданци прво име беше Никола Тасев со осум реализации.

Кадетска машка лига, 3. коло, резултати:

Група А
Мулти Есенс – Радовиш 44:13 (23:6)
Текстилец – Илинден Вардар 27:40 (17:18)
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 26:21 (12:15)
Вардар – Младост Богданци 39:27 (22:14)

На табелата, Вардар, Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 имаат по 6 бода, Илинден Вардар, Овче Поле и Младост по 2, додека Текстилец и Радовиш се без бодови.

Група Б
Еурофарм Пелистер – Пролет 27:28 (12:15)
Прилеп – Алкалоид 34:36 (16:18)
Македонија Ѓорче Петров – Струга 41:32 (19:16)
30/09, 20:00, Охрид – Преспа 

На табелата, Пролет е единствен со 100% учинок, односно 6 бода, Прилеп, Еурофарм Пелистер и Алкалоид имаат по 4, Охрид и Македонија Ѓорче Петров по 2, а Струга и Преспа се без бодови.

 

Павловски и Стојевски искомбинираа 25 гола, Илинден Вардар славеше во Штип

 

 

Пролет го доби дербито со Еурофарм Пелистер

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT