Втора радост за кадетите на Младост Богданци

382

Денеска започна 4. коло од кадетската машка лига, а до својата втора сезонска победа стигнаа ракометарите на Младост Богданци. Тие на гостувањето во Радовиш против истоимената екипа славеа убедливо со девет гола разлика, 30:21 (18:9).

Победничката екипа ја предводеше Никола Тасев, кој постигна десет погодоци, а голема поддршка имаше и од Методи Младеновски со осум реализации. Најдобар стрелец во редовите на Радовиш беше Александар Георгиев со шест погодоци.

Кадетска машка лига, 4. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Младост Богданци 21:30 (9:18)
04/10, 18:30, Илинден Вардар – Вардар
05/10, 19:00, Овче Поле – Текстилец
06/10, 16:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б
05/10, 12:00, Алкалоид – Македонија Ѓорче Петров
05/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Охрид
05/10, 13:00, Пролет – Струга
06/10, 18:30, Преспа – Прилеп 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT