Викендов се одигра 4. коло во пионерската женска лига, а од натпреварите најинтересно беше на Шампион и Спартак.
Двете екипи одиграа возбудлив натпревар, кој заврши без победник, 14:14. Катарина Ракиќ, која доби повик во пионерската репрезентација, беше херојот на Спартак, бидејќи по истекот на времето преку живиот ѕид испрати прецизен удар во мрежата на противникот за реми.
Ракиќ беше најефикасна на дуелот со дури 11 погодоци. Кај Шампион, најдобар стрелец беше Христина Трајанова со шест погодоци.
Вардар и Чаир ги доживеаја првите порази сезонава. Подобар од Вардар беше Астибо, кој триумфираше со 16:14, додека актуелниот бранител на титулата, екипата на Ѓорче Петров, славеше над Чаир со 24:17.
Во тимот предводен од Марија Анчева најефикасна беше Ана Марија Накова со пет погодоци, додека по три постигнаа Сандра Донева, Анастасија Гичева и Сандра Илиева. Кај Вардар најдобра беше Стефанија Петроска со четири гола.
Клара Филимановски беше предводник во победата на младите „лавици“ против Чаир, постигнувајќи седум погодоци, а поддршка доби од Ивана Глогуновски и Калина Божиновска, кои реализираа по четири пати. По три погодоци постигнаа Теа Петрушевска, Елена Вељанова и Деспина Станковска.
Лира Јусуф со седум и Ерина Исмаили со шест погодоци беа најдобри поединки во составот на Чаир.
На победа се израдува и Јехона, која на свој терен беше убедлива против Охрид со 23:10. Најефикасни во домашниот тим беа Бленда Абдулаи со седум и Монера Муслиу со пет погодоци, а кај Охрид најдобра беше Ања Симоноска со пет реализации.
Металург Автокоманда и Илинден Вардар запишаа нови победи. Металуг Автокоманда триумфираше над Струга. Кај Металург Автокоманда се истакнаа Евгенија Смиљковска со пет и Лана Алтанова со четири погодоци. Калина Симоноска имаше три погодоци за домашниот табор.
Во победата на Илинден Вардар против Кале Кичево, Јана Костова имаше осум погодоци, три помалку постигна Јана Миленковска, а кај домаќините прв стрелец беше Марија Симјаноска со четири погодоци.
Пионерска женска лига, 4. коло, резултати:
Кале Кичево – Илинден Вардар 8:18 (3:8)
Вардар – Астибо 14:16 (2:6)
Шампион – Спартак 14:14 (8:7)
Јехона – Охрид 23:10 (10:1)
Струга – Металург Автокоманда 8:17 (5:7)
Ѓорче Петров – Чаир 24:17 (6:8)
ТАБЕЛА