Младост како на тренинг против Кичево – постигна 57 гола!

431

Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 6. коло од Првата лига немаа никакви проблеми против Кичево, триумфираа со 57:13.

Тимот на Кичево на овој натпревар беше формално домаќин во спортската сала „Млаз“, а избраниците на Горан Андоновски одиграа како на тренинг.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Ѓорѓе Атанасов, кој постигна 13 погодоци, по седум имаа Мартин Стојановски и Антонио Николоски,  а шест додаде Даниел Андоновски. Во поразениот табор најефикасни беа Славко Бошковиќ и Петар Стерјоски со по три погодоци.

Тимот предводен од Андоновски во следното коло ќе го пречека Мулти Есенс, кој исто како и Младост Богданци нема загубено бод во досегашниот тек од сезоната.

Прва машка лига, 6. коло, резултати:
Мулти Есенс – Преспа 44:24 (20:13)
Кичево – Младост 13:57 (5:27)
18/10, 18:30, Вардар Неготино – Драчево Јуниор
18/10, 18:30, Овче Поле – Јехона
19/10, 20:00, Македонија Ѓорче Петров – Текстилец
20/10, 19:30, Партизан – Шампион
Аеродром слоб.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT