На натпреварот меѓу Партизан Гевгелија и Шампион, со кој беше комплетирано 6. коло во прволигашката конкуренција, паднаа дури 90 гола.
Домаќините немаа никакви проблеми и славеа со 51:39, а победата ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со предност од 25:19.
Победничкиот тим беше предводен од Јован Гетов и Горан Лисичков, кои постигнаа по десет погодоци, шест додаде Милан Савов, а по пет реализации имаа Илија Роглев и Мартин Ашовалиев.
Во гостинскиот состав од Скопје, 12-те гола на Ненад Богоевски беа премалку за да се избегне високиот пораз.
За Партизан ова беше трета победа во новата натпреварувачка сезона, додека Шампион во досегашниот тек од сезоната нема освоено бод.
Прва машка лига, 6. коло, резултати:
Мулти Есенс – Преспа 44:24 (20:13)
Кичево – Младост 13:57 (5:27)
Вардар Неготино – Драчево Јуниор 25:23 (11:13)
Овче Поле – Јехона 39:32 (17:15)
Македонија Ѓорче Петров – Текстилец 28:23 (11:11)
Партизан – Шампион 51:39 (25:19)
Аеродром слоб.