Екипата на Мулти Есенс во 5. коло од младинската лига пред својата публика славеше над Пролет со 41:27 и сега има пет од пет во досегашниот тек од натпреварувачката сезона.
Актуелниот бранител на титулата на полувреме имаше предност од плус шест, 17:11, а во вторите 30 минути одигра уште подобро за продолжување на победничката серија.
Одличен натпревар имаше кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски, кој натпреварот го заврши со 11 погодоци, шест додаде Филип Насевски, а пет имаше средниот бек Јулијан Матески. Најефикасен во редовите на Пролет беше Лука Јовиќ со шест погодоци.
Во следното, 6. коло, тимот на Мулти Есенс ќе гостува во Кавадарци, додека Пролет оди на поправен во Куманово.