Еден од клубовите кои важи за фабрика на таленти – Феникс го освои трофејот на четвртото издание на меморијалниот турнир „Драган Василов-Цевка“, на кој учествуваа кошаркари родени 2012 и помлади. Феникс најпрво во полуфиналето го совлада МЗТ Скопје со 36:31, потоа во финалето беше подобар од МВП со 54:37. Кошаркарите на Вардар го освоија третото место, откако триумфираа над МЗТ Скопје со 36:34.
Претходна вест
Следна вест