Мулти Есенс и Пролет први низ есенскиот дел во кадетската лига

203

Вчера беа одиграни последните натпревари од есенскиот дел во кадетската машка лига, во која лидери се Мулти Есенс (група А) и Пролет (група Б). Двете скопски екипи го завршија првиот дел без пораз, додека Радовиш е единствената екипа што не освои ниту бод на одиграните осум натпревари.

Најдобрите четири екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, односно ќе имаат шанса да се борат да играат на Ф4 турнирот.

Мулти Есенс славеше над Илинден Вардар со 36:28, а во победата беше предводен од кадетскиот репрезентативец Јован Петрески, кој натпреварот го заврши со десет погодоци, осум додаде Тома Симоновски, додека пет реализации имаше Ангел Кленковски. Во тимот на Илинден Вардар се истакнаа Никола Павловски со седум, Петре Петровски со шест и Дамјан Ивановски со пет погодоци.

На натпревар, во кој беа постигнато вкупно 70 гола, ракометарите на Пролет славеа против Преспа со 40:30 (18:16), благодарение на одличната игра во последните 20 минути.

Горазд Дамчевски со 13 погодоци беше предводник во победничкиот тим, седум имаше Мартин Деспотовски, а по пет постигнаа Давор Крстески и Лука Јовиќ. Во таборот на Преспа, Борјан Весилевски и Виктор Ѓорѓиевски беа најефикасни со по шест погодоци, пет додаде Христијан Антоновски.

Алкалоид предводен од Борјан Благојев (9), Андреј Спасовски (8) и Михаил Арсиќ (7) успеа да биде подобар од актуелниот бранител на титулата Еурофарм Пелистер, триумфираше со 32:31 (17:14). Кај младиот тим на битолчани двајца ракометари отскокнаа на дуелот во Автокоманда – Андреј Георгиев имаше десет, а Павел Велјановски девет погодоци.

Младост на свој терен славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 26:24. За победата на домаќините се погрижија Никола Тасев и Методи Младеновски, двајцата постигнаа по осум погодоци, додека кај гостите најдобар беше Андреј Китески со шест.

Езерското дерби меѓу Струга и Охрид донесе неизвесност, но гостите предводени од Илија Трајчевски (8), Тане Јанчески (6) и Христијан Софкоски (5) имаа повеќе среќа и тирумфираа со 23:22. Валентин Ѓорговски со седум погодоци и Војо Клељоски со пет беа најефикасни во домашниот тим.

8. коло го одбележа и членот на Македонија Ѓорче Петров, Никола Кузевски, кој прв стигна до ,,100-ка” во сите категории за оваа натпреварувачка сезона.

Кадетска машка лига, 8. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Овче Поле 13:21 (6:10)
Вардар – Текстилец 48:29 (27:13)
Вардар Илинден – Мулти Есенс 28:36 (14:18)
Младост – Еурофарм Пелистер 2 26:24 (10:10)

Група Б
Струга – Охрид 22:23 (10:12)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32:31 (17:14)
Пролет – Преспа 40:30 (17:19)
Македонија Ѓорче Петров – Прилеп 28:21 (14:11)

ТАБЕЛА

Кадетскиот тим на Вардар лесно се справи со Текстилец

 

Талентот Никола Кузевски од Македонија Ѓорче Петров прв стигна до 100 гола

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT