По 10 кола, Јехона го има најдобриот стрелец кај прволигашите

124

Со натпреварот меѓу Јехона и Текстилец беше комплетирано 10. коло во Првата лига, а искусниот Адис Салиу, кој зад себе има и интернационано искуство, засега е лидер на стрелците во прволигашката конкуренција.

Членот на Јехона на девет одиграни натпревари постигна вкупно 82 погодоци, а во претходното коло против Текстилец стрелаше дури 11 пати. На втората позиција се наоѓа Јован Атанасовски од Текстилец со 75 погодоци, додека третото место го делат неговиот соиграч Филип Џинес и Даниел Андоновски од лидерот Младост, двајцата имаат по 73 погодоци.

Искусниот Мице Шилегов од Вардар Неготино е петти со 66 погодоци, а зад него следуваат двајца играчи од Партизан Гевгелија, Горан Лисичков (65) и Илија Пејковски (62), како и Илија Димов (60) и Иван Димчевски (56) од Овче Поле. Десетото место го делат Лазар Адамовиќ од Младост и Давид Јончевски од Шампион со 55 погодоци.

До крајот на натпреварувачката сезона има уште многу да се игра и сигурно е дека листата на стрелците ќе претрпи промени. Досега два натпревари (Кичево – Вардар Неготино и Мулти Есенс – Партизан) воопшто не беа одиграни, па неготинци и Мулти Есенс дојдоа до службени победи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT