Ракометниот караван се сели во Кавадарци

605

Ракометната федерација на Македонија продолжува со реализација на ракометниот караван, кој досега успешно беше одржан во Охрид, Прилеп и Битола.

Следната станица е Кавадарци, односно спортската сала „Јасмин“, каде што на 29 ноември, со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи четвртото издание.

Караванот има за цел да го доближи ракометот до младите, да ја зголеми неговата популарност и да ги инспирира идните ракометни генерации.

Промотери на настанот ќе бидат легедарниот Петар Ангелов Диви и довчерашната репрезентативка Јована Саздовска.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT