И Емил Јакобсен нема да игра против Македонија?

123

Еден од најдобрите репрезентативци на Данска, Емил Јакобсен, кој настапува за Фленсбург, заработи повреда на натпреварот од 13. коло во Бундес лигата против Мелсунген.

Искусното лево крило мораше да го напушти теренот во 49. минута поради повреда на рамото. Јакобсен се повреди откако беше запрен во контра од неговиот сонародник Николај Ендерлејт, по што незгодно падна.

Засега не е познато дали станува збор за посериозна повреда. Дали ќе го пропушти континенталниот собир и колку ќе трае неговото отсуство ќе се знае во наредниот период.

Данскиот селектор Николај Јакобсен пред неколку дена доби лоша вест, бидејќи Томас Арнолдсен на натпреварот против Келце во Лигата на шампионите заработи скршеница на коска под коленото и ќе отсуствува најмалку три месеци.

Со повреди во данската репрезентација се соочуваат и Ласе Мелер, Маркус Митгард, Расмус Лауге, Јакоб Холм и Арон Менсинг, но актуелниот светски првак има најмалку по три квалитетни играчи на секоја позиција.

Данска, која заедно со Норвешка и Шведска е ко-организатор на Европското првенство 2026, во групната фаза од континенталниот собир ќе се соочи со нашата репрезентација, како и со Романија и Португалија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT