Екипата на Алкалоид, по поразите од Охрид и Вардар, им се врати на победите, откако на свој терен славеше против Тиквеш со 33:24.
До пред овој натпревар, тимот на Тиквеш беше во серија од пет победи во низа, а со денешниот пораз, тимот предводен од Кристијан Грчевски останува на 5. позиција со 14 бода.
Кавадарчани одлично парираа во првиот дел, во кој во неколку наврати имаа и водство. Меѓу најистакнатите ракометари во тие 30 минути беше Петар Цветковски, кој беше непогрешлив од линијата за седум метри, додека голманот Василије Печурица собра осум интервенции во првото полувреме и беше најзаслужен што Тиквеш беше во игра.
Алкалоид на пауза замина со минимална предност од 14:13, а за само осум минути игра во вториот дел стигна до плус пет, 20:15. Гостите преку Коцев ја прекинаа серијата на домаќинот, но до крајот избраниците на Лазаров беа подобеи и ја зголемуваа разликата за конечни 33:24.
Во финишот на натпреварот шанса добија и останатите ракометари од двете клупи.
Најефикасен во победничкиот табор беше Ненад Костески со шест погодоци, додека кај гостите Петар Цветковски и Мухамед Ахмет имаа по пет реалзиации.
Супер машка лига, 13. коло, резултати:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 33:24 (14:11)
Марио Стојановски и Марек Марцињак 6/Бојан Гичев 6, Петар Марковски 4
Пролет – Еурофарм Пелистер 25:31 (11:14)
Андреј Стојановски 9, Димитар Симовски 5/Дејан Манасков 8, Богдан Радивојевиќ 6
Бутел – Радовиш 36:20 (16:11)
Димитар Узунчев 9, Руо Козакаи 5/Васе Петров и Славе Јанковски 4
Алкалоид – Тиквеш 33:24 (14:13)
Ненад Костески 6/ Петар Цветковски и Мухамед Ахмед 5
Струга – Охрид 23:29 (8:18)
Стефан Атанасовски и Ахмед Мајдоуб 5/Никола Ристевски и Стефан Петриќ 5
23/11, 19:00, Куманово – Прилеп