Ракиќ одлична, Спартак во Охрид до второ славје

140

Со натпреварот меѓу Охрид и Спартак беше комплетирано 10. коло во пионерската лига во женска конкуренција, во која лидерот Металург Автокоманда останува единствениот тим со максимален учинок, има десет од десет.

Спартак успеа да слави против Охрид со 17:13, а одлична во победничкиот табор беше Катарина Ракиќ, која постигна 11 погодоци и ја потврди одличната форма од стартот на сезоната. Кај охриѓанки се истакна Исидора Маздар со шест реализации.

На победа во 10. коло се радуваа уште актуелниот шампион Ѓорче Петров, Струга, Металург Автокоманда, Јехона и Астибо.

Пионерска женска лига, 10. коло, резултати:
Охрид – Спартак 13:17 (5:8)
Мадзар 6/Ракиќ 11
Шампион – Ѓорче Петров 6:28 (5:14)
Тодоровска 3/Станковска 8, Фелимановски 6
Вардар – Струга 12:13 (4:7)
Милошеска 3/Димитроска 6
Чаир – Металург Автокоманда 15:32 (4:15)
Дарлиста и Бајрам 6/Деана Величковска, Ана Стојанова и Евгенија Смиљковска 6
Јехона – Кале Кичево 21:11 (7:4)
Абдуалији 10/Ева Калеска, Марија Симјаноска и Матеа Мицкоска 3
Астибо – Илинден Вардар 28:18 (17:8)
Ана Марија Накова 11/Андреа Велковска 8

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT