На 13. кола пред крајот на Супер лигата во женска конкуренција, искусната Марија Анчева е далеку пред сите на листата на стрелците.
Членката на Астибо, на 15 одиграни натпревари, успеа да постигне 156 погодоци, што уште еднаш го потврдува нејзиниот квалитет и лидерство во штипскиот тим.
Анчева и во претходните сезони беше неприкосновена на листата на стрелците, а на второто место засега се наоѓа членката на Спартак, Зорица Андовска, со 121 гол.
Во ТОП 5 стрелците се уште: Мариана Силва Азеведо (Куманово) – 108, Анастасија Тодоровска (Пелистер) – 96 и Леона Миленкоска (Вардар) – 93.