Вардар со деветта победа во меѓусебните дуели против Алкалоид

144

Вицепрвакот Вардар повторно ја освои Автокоманда, откако триумфираше против Алкалоид во рамките на првото коло од разигрувањето за титулата, односно плеј-оф фазата.

Пред седум дена, избраниците на Чупиќ победија со 28:25, а вечерва триумфираа со 33:32 за деветта победа во меѓусебните пресметки во суперлигашкото друштво. Алкалоид во дуелите со Вардар има три победи, а еден натпревар завршил без победник.

Кај Вардар, новото засилување Вукашин Воркапиќ беше најефикасен со десет погодоци, додека голманот Милош Валах заврши со девет интервенции. Во редовите на домаќините без грешка беше Никола Костески, имаше седум погодоци, шест од нив беа од пенал.

Вардар во 2. коло од плеј-офот ќе гостува кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Пред пресметката во Битола, на 3 март ќе биде домаќин на Бенфика во 3. коло од главната фаза од Лигата на Европа.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT