Овче Поле победнички против Кичево

19

Ракометарите на Овче Поле во натпревар од 17. коло од Првата лига славеа против Кичево со 29:23 (14:9).

Од добро познати причини, тимот на Кичево своите натпревари ги игра во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Тимот од Свети Николе водеше во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до двата бода.

Најефикасен во победничката екипа беше Иван Димчевски со девет погодоци, а свој придонес во победата дадоа и Кристијан Стаменов (6), Александар Димитров (5), Кристијан Коцевски (4)…

Во тимот на Кичево најефикасен беше Огнен Вардовски со девет реализации, а една помалку имаше Благој Христовски.

Овче Поле, кој атакува на што подобар пласман во прволигашката конкуренција, во следното коло ќе го пречека лидерот Младост, додека Кичево ќе гостува во Автокоманда кај Мулти Есенс

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT