ПРВА ЛИГА: Младост на 100%, Мулти Есенс го следи лидерот со еден пораз

238

Овој викенд измина 17-то коло во прволигашката конкуренција, а до крајот на сезоната треба да се одиграат уште девет кола, по што ќе биде познато кој тим ќе обезбеди директен пласман во македонската елита и ќе се натпреварува со најдобрите екипи, а кој преку суперлигашки бараж ќе се бори за влез меѓу најдобрите.

Засега, на првите две позиции се наоѓаат двата поранешни суперлигаши – Младост од Богданци и Мулти Есенс, кој има млад тим составен од репрезентативци што настапуваат во сите младински категории.

Младост нема изгубено бод и е на 100% – односно има 15 победи од 15 натпревари, додека младиот тим предводен од Бочкаровски беше поразен само еднаш, во првата пресметка во Богданци. Двете екипи вториот меѓусебен дуел ќе го одиграат во 20. коло (кон крајот на овој месец) во спортската сала „Автокоманда“.

Над 15 одиграни натпревари, Младост има постигнато 595 погодоци, а примено само 377, што е доволен показател дека момците на Горан Андоновски играат одлично и во дефанзивата. Мулти Есенс, кој има и натпревар повеќе, има постигнато 597 погодоци, а примено 395.

На 500 погодоци имаат постигнато и Вардар Неготино , Драчево Јуниор, Аеродром и Партизан, а што се однесува до статистиката на играчите, лидер на стрелците останува Адис Салиу од Јехона со 142 погодоци на 15 натпревари.

Прва лига, 17. коло, резултати:
Јехона – Вардар Неготино 39:40 (17:18)
Адис Салиу 10/Драган Кузманов 10, Ѓорѓи Орешков 9
Шампион – Преспа 27:31 (11:17)
Давид Јовчевски 9/Христијан Ристевски 9
Кичево – Овче Поле 23:29 (9:14)
Огнен Вардовски 9, Благој Христовски 8/Иван Димчевски 9
Младост – Македонија Ѓорче Петров 37:28 (19:16)
Даниел Андоновски 8/Михаел Тотиќ 8, Мартин Бучуковски 6
Аеродром – Мулти Есенс 32:44 (12:23)
Никола Иванов 6/Немања Џигероски 14, Јулијан Матески 14
Текстилец – Партизан 34:33 (18:13)
Филип Џинес 9/Стојан Наумовски 9
Драчево Јуниор – слоб.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT