Прва лига: На програмата од 3. коло е 166-то „вечно дерби“

592

Утре со натпреварот меѓу ТФТ и Кожув ќе започне новото, 3. коло во Првата кошаркарска лига, а во ова коло ќе се сретнат вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје. Во дербито на колото, овие две екипи ќе го одиграат 166-от меѓусебен дуел. Низ историјата, аеродромци имаат подобар учинок во меѓусебните дуели, триумфирале на 92 меча во сите рангови на натпреварување, додека Работнички остварил позитивен исход на 73 натпревари.

Тимот на Работнички, кој имаше финансиски проблеми, па поради тоа и промени во играчкиот ростер, во претходните две кола беше подобар од Шкупи и Феникс. МЗТ Скопје во претходното коло загуби во Битола кај Пелистер, а во првиот сезонски дуел славеше над Шкупи. Токму во натпреварот со Работнички „штрковите“ ќе бараат рехабилитација и за поразот од Цедевита Јуниор во АБА 2 лигата.

Избраниците на Васко Атанасов се фаворити на хартија, а дали ќе ја оправдаат фаворитската улога, останува да видиме.

Натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се одигра во  СРЦ „Кале“ со почеток од 18:00 часот.

Прва лига, 3. коло, распоред:
19.10, 13:30, ТФТ – Кожуф
19.10, 16:00, Вардар – Феникс
19.10, 18:00, Тиквеш – Гостивар
19.10, 18:00, Работнички – МЗТ Скопје
19.10, 19:00, Чаир – Шкупи
20.10, 19:00, Пелистер – Куманово   

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе