Екипата на ТФТ останува на максимален ефект во домашниот шампионат и сега има „три од три“. Избраниците на Боро Смилковски во натпревар од 3. коло славеа над Кожув со 79:77. Тимот од Гевгелија денес се покажаа како незгоден ривал и гостите имаа шанса натпреварот да го однесат во продолженија, или да победат, откако Бојчев успеа да погоди за минус два и да обезбеди дополнително слободно фрлање во последните секунди. Сепак, Вилсон кој упати удар кон противничкиот кош, доби „блокада“ од Николов, па славјето на домашниот тим можеше да започне.
Најдобар поединец во редовите на победничката екипа беше Говенс со 21 поен и седум асистенции, пред Зафиров кој имаше дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Во поразениот табор се истакнаа Пилепиќ со 35 поени и Стевановиќ со 16 поени.
Натпреварот меѓу ТФТ и Кожув можете да го погледнете на видеото во продолжение…