Прво сезонско славје за „фабриката за таленти“

169

Кошаркарите на Феникс 2010 во натпревар од 3. коло во Првата лига дојдоа до победа против Вардар, славеа со 77:72. За клубот, односно за „фабрика“ за таленти ова беше прв сезонски триумф по двата воведни порази. Најзаслужен за победата на Феникс беше Грент со 25 поени, 9 скока и 3 асистенции, а го следеше Митревски со 17 поени, 4 скока и една асистенција. Кај Вардар, исто така, имаше неколку расположени играчи – Рос и Хемптон имаа по 18 поени, 13 запиша Стивен, а Наков додаде 11.

Што се однесува до натпреварот, двете екипи имаа осилации во одредени периоди. Вардар ја доби првата четвртина (23:18), гостите се вратија во втората четвртина и на полувреме резултатот беше нерешен, 42:42. Во последните 20 минути подобро се снајде Феникс, кој на моменти имаше и седум разлика. Вардар имаше неколку ситуации да се врати во игра, но не успеа да дојде до посакуваната цел.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе