Охрид беше плиток за Ангели, прва радост за Работнички и Борец баскет

977

Изминатиот викенд на програмата беа натпреварите од 2. коло во Втората кошаркарска лига, а на нови победи се израдуваа Ангели, Маџари, МЗТ Скопје Уни Банка и Соколи.

Еден од фаворитите за враќање во елитата, тимот на Охрид, на гостувањето во Кисела Вода кај Ангели не успеа да победи. Домаќините беа подобри, триумфираа доста убедливо, со 83:59 и се израдуваа на вториот сезонски триумф.

Во составот на Ангели најрасположен за игра беше Ангел Стојановски, натпреварот го заврши со 24 поени, по 12 запишаа  Бојан Стојановски и Теон Богатиновски. Кај Охрид, Андреја Атанасов и Христијан Стојаноски имаа по 12 поени, а Васко Бојовски го заврши натпреварот со еден поен помалку – 11.

Ангели во следното, 3. коло од второлигашката конкуренција ќе гостува кај амбициозниот Маџари, додека Охрид втората сезонска победа ќе ја бара во натпреварот со Академија ФМП.

МЗТ Скопје Уни Банка славеше над довчерашниот третолигаш Бутел со 81:76, на втора победа се радуваше и Маџари, кој го доби дуелот против Црн Дрим со 37 разлика, 109:72, а вториот тим на Работнички дојде до првиот сезонски триумф, откако на гостувањето кај Водно Санс победи со 111:81. Велешкиот Борец баскет, по поразот во првото коло од Ангели, на гостувањето во Струмица кај Академија ФМП успеа со победата од 83:70 да дојде до прва радост.

Штипскиот Соколи пред својата публика одигра интересен дуел против Мега баскет од Прилеп, домаќините беа подобри во првата и втората четвртина, додека гостите во последните 20 минути, но домашниот тим беше славеникот, 78:62.

Втора лига, 2. коло, резултати:
Партизан Водно Санс – Работнички 2018 81:111
Маџари – Црн Дрим 109:72
Ангели – Охрид  83:59
МЗТ Скопје Уни Банка – Бутел  81:76
Академија ФМП – Борец баскет 70:83
Соколи 1933 – Мега баскет 78:62.

Следно, 3. коло (26/27 октомври): Мега баскет – МЗТ Уни Банка, Охрид – Академија ФМП, Работнички 2018 – Црн Дрим, Борец баскет – Соколи, Маџари – Ангели, Бутел – Водно Санс

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе