Шундовски привремено на клупата на Еурофарм Пелистер

249

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Како што е познато, битолскиот тим во дерби дуелот од 8. коло од суперлигашката конкуренција беше поразен во Автокоманда со 32:25.

Веднаш по натпреварот Ангеловски поднесе оставка, а раководството на клубот реши тимот привремено да го води поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски. Искусниот стратег е дел од клубот како тим-менаџер и доволно ги познава сите ракометари. Еурофарм Пелистер преку социјалните мрежи информираше дека наскоро ќе биде именуван новиот тренер.

Битолскиот тим  утре пред својата публика ќе се соочи со Веспрем во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе