Победнички крај за кадетките на Стружанка: Сејадин со гол-шоу против гевгеличанки!

75

Кадетскиот тим на Стружанка, кој настапува и во прволигашката конкуренција, сезоната ја заврши со победа, откако пред својата публика славеше над Гевгелија Југ со 30:26.

Во последниот натпревар од сезоната блесна талентираната Еџе Сејадин, која постигна дури 20 погодоци, а запиша и неколку асистенции, предводејќи го својот тим до триумф. Во редовите на гостинките најефикасна беше Ружица Кирова со 12 реализации.

Стружанка сезоната во кадетската лига ја заврши со биланс од три победи и осум порази, додека тимот од Гевгелија остана без освоен триумф.

Сезоната кај кадетките ќе ја затворат Деспина и Овче Поле Славјански Универзитет. Тимот на Вардар, без загубен бод, ја одбрани титулата во оваа конкуренција, во која се пријавија само пет екипи.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT