Червар го потврди тимот со кој ќе ја води битолската гордост

145

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска и официјално го промовираше новото тренерско име – трофејниот Лино Червар.

Искусниот хрватски стратег, кој зад себе има повеќе од пет децении тренерска кариера, на денешната прес-конференција го претстави и стручниот штаб со кој ќе работи во новата сезона.

На тоа поле нема да има промени. Соработници на Червар ќе бидат Алексо Лембанов – прв асистент, Ице Соколески – тренер на голманите и Александар Марковски, кој ќе ја има улога на кондициски тренер.

Пелистерци подготовките за новата сезона ќе ги започнат на 26 јули, а по базичниот дел од подготовките на домашен терен, екипата ќе замине во Словенија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе