Преспа ќе учествува на еден од најмасовните младински ракометни турнири

77

Еден од најмасовните турнири за млади ракометари и ракометарки во Европа повторно ќе се одржи во нашиот регион. Традиционалниот меѓународен турнир „Bijeljina Handball Cup 2026“, кој оваа година ќе го има своето десетто јубилејно издание, ќе се одржи од 14 до 16 август во организација на Ракометниот клуб Бијељина.

Локацијата на турнирот и овојпат ќе биде препознатливото Етно село „Станишиќи“ (Бијељина, Република Српска), кое со својот уникатен амбиент претставува идеално место за одржување на ваков спортски спектакл. Без разлика на годишното време, комплексот привлекува голем број посетители од целиот регион, а во август повторно ќе биде центар на младинскиот ракомет.

На турнирот се очекува учество на повеќе од илјада млади спортисти од неколку земји од Балканот, кои покрај натпреварувачкиот дел ќе имаат можност за дружење, размена на искуства и создавање нови спортски пријателства.

Речиси на секое издание свои претставници има и Македонија, а засега е познато дека ракометниот клуб Преспа од Ресен повторно ќе биде дел од оваа голема спортска манифестација.

Досега се пријавени околу 50 екипи, што претставува уште една потврда за големата популарност и реноме што турнирот го ужива во регионот.

Повеќе информации за турнирот и пријавувањето можете да најдете на официјалната веб-страница – ЛИНК.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT