Амбициозниот Младост од Богданци е последниот патник во Супер лигата за сезоната 2026/27, откако во баражот против Струга славеше со 25:23 и го испрати довчерашниот суперлигаш еден ранг подолу, односно во прволигашката конкуренција.
Претходно, место во македонската елита обезбеди и младиот тим на Мулти Есенс, кој заврши како првопласиран во Првата лига. Опстанок во Супер лигата од поодамна имаа обезбедено Куманово, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, додека директно отпадна Радовиш.
Тука се и екипите што настапуваа во плеј-офот – шампионот Вардар, вицешампионот Еурофарм Пелистер, третопласираниот Охрид, како и Алкалоид, Бутел Скопје и Тиквеш.
Тоа значи дека во сезоната 2026/27 во Супер лигата ќе настапуваат пет екипи од Скопје и седум од внатрешноста на Македонија.
Интересно е што две ракометни средини ќе имаат по два претставника во елитата. Битола повторно ќе биде застапена со Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, додека Автокоманда ќе ги има Алкалоид и новиот суперлигаш Мулти Есенс.