„Битолчанецот“ Петровиќ ќе има нов предизвик во кариерата

226

Репрезентативецот на БиХ, Павле Петровиќ, кој во Битола дојде во јануари 2021 година, а си замина по завршувањето на минатата сезона, ќе има нов предизвик во кариерата.

Петровиќ по настапите за вториот и првиот тим на Еурофарм Пелистер реши да се пресели во Австрија и таму во штотуку завршената сезона настапуваше за Линц. Десниот бек беше еден од клучните играчи на австрискиот тим и на 20 натпревари постигна 91 гол.

Од Линц објавија дека неколку ракометари го напуштаат тимот, меѓу нив и Петровиќ, па во наредниот период би требало да биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Токму во Македонија босанскиот репрезентативец ги направи првите интернационални чекори и стекна драгоцено искуство со одличните настапи во Супер лигата, но и на европска сцена.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT