„Млаз“ не знаеше за празни трибини: Младост влезе во елитата со публика зад себе

73

По победата во баражот против Струга, Младост си обезбеди место во Супер лигата и го оствари сонот што клубот и неговите навивачи го градеа во изминатите неколку сезони.

Тоа значи дека салата „Млаз“ повторно ќе биде домаќин на натпревари од највисок ранг, а љубителите на ракометот во Богданци, но и во целиот југоисточен регион, повторно ќе можат да уживаат во дуелите против најсилните домашни екипи.

Богданчани и во прволигашката конкуренција покажаа дека живеат за ракометот, па салата „Млаз“ честопати беше претесна да ги собере сите љубители на спортот. На трибините редовно се создаваше атмосфера каква што ретко може да се види и на дел од суперлигашките натпревари.

Сега, кога во градот повторно ќе гостуваат најдобрите македонски екипи, сосема извесно е дека интересот ќе биде уште поголем, трибините уште пополнети, а атмосферата уште пожешка.

Во штотуку завршената сезона, салата „Млаз“ редовно беше исполнета со 800 до 900 навивачи по натпревар, бројка на која можат да ѝ позавидат и дел од поголемите суперлигашки клубови во Македонија.

Младост последен пат во најквалитетното домашно натпреварување играше во сезона 2020/21.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT