Ресен има иднина: Пет играчи на селективните тренинзи за пионерската репрезентација

449

Во тек е формирањето на најмладата машка ракометна репрезентација на Македонија – пионерската селекција, преку серија селективни тренинзи, а на првите собири свое место имаа и петмина млади ракометари од Ресен.

Станува збор за Симон Јовановски, кој минатата година беше прогласен за најдобар голман на пионерскиот Ф4 турнир, како и за Петар Булаковски, Виктор Ѓоргиевски и Борјан Веслиевски, сите четворица од ракометната школа на Преспа.

Меѓу повиканите е и голманот Алекс Трајановски, кој од оваа сезона е дел од младинските категории на Вардар.

Иако на Преспа за влакно и избега пласманот во четвртфиналето во кадетската лига, овие млади ракометари зад себе имаат солидно искуство, бидејќи добија шанса и во натпреварите од Првата лига.

Нивните повици се уште една потврда за квалитетната работа во ресенската ракометна школа и доказ дека Ресен и понатаму е град кој создава квалитетни играчи.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT