Младост се раздели со Адамовиќ, Николиќ, Димитров, Костадиновски…

125

Повратникот во Супер лигата, Младост, преку социјалните мрежи информираше дека клубот не  ја продолжил соработката со неколку ракометари.

Станува збор за Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас и Богдан Николиќ. Од клубот информираат дека активно работат на пополнување на играчкиот кадар, па во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања.

,,РК Младост 1977 ги информира нашите фанови дека нашиот тим освен што интензивно работи во делот на формирање на конкурентна екипа за Супер лигата сезона 2026/27 паралелно со Општина Богданци и спонзорите работи и кон реконструкција на спортската сала Млаз. РК Младост 1977 по постигнувањето на големиот успех влез во Супер лигата кој е успех за цел југоисток понудена беше понатамошна соработка на сите играчи кои го засилија нашиот клуб. Нашиот клуб официјално во иднина нема да смета на Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас, Богдан Николиќ.РК Младост 1977 упатува голема благодарност до играчите и им посакува успеси понатаму каде и да ја продолжат кариерата”, се вели во дел од соопштението на клубот од Богданци.

Денеска клубот од Богданци го објави новото, трето засилување -Тунижанецот Ахмед Мајдоуб. Во претходниот период, Младост ги ангажираше Благој Панов од Тиквеш, Славе Јанковски од Радовиш и Тодор Узунчев од Бутел Скопје.

Договорите беа продолежни со левиот бек Даниел Андоновски, младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, голманот Живојин Илиќ, како и со тренерот Горан Андоновски, а професионален договор со клубот потпиша талентираниот Никола Тасев.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT