Еурофарм Пелистер се пофали со ново засилување

217

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер продолжува со комплетирањето на ростерот за новата натпреварувачка сезона, а од битолскиот клуб денеска се пофалија со новото засилување.

Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет.

Искусниот среден бек четири сезони го носеше дресот на Сент Рафаел, а две мина во редовите на Шартр. На репрезентативно ниво, има забележано настапи за сениорската репрезентација на нашиот северен сосед. Колаковиќ во својата интернационална кариера настапуваше и за словенечки Слован Љубљана.

Србинот е деветто засилување за новиот тренер Лино Червар по: Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT