По првото искуство во Супер лигата, Николовска се сели во Свети Николе

85

Прволигашот Овче Поле Славјански Универзитет денеска го претстави новото засилување за следната сезона, во која ќе влезе со амбиции за враќање во најквалитетното домашно натпреварување.

Ново име во клубот е довчерашната членка на Куманово, Михаела Николовска, која во Свети Николе ќе собира драгоцено искуство. Станува збор за млада ракометарка (генерација 2007), настапува на позицијата пикер и се одликува со квалитет и борбеност.

Во штотуку завршената сезона, Николовска го имаше своето прво искуство во Супер лига, каде што се натпреваруваше против најдобрите домашни екипи.

Младата ракометарка потекнува од школата на Илинден Вардар.

Претходно, Овче Поле Славјански Универзитет ги промовираше младите Натали Маџовска и Андонела Ангелковиќ, па тренерот Илија Бетувски ќе има поширок ростер на располагање.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT