Десното крило Костов се врати во Куманово

149

Според информациите на Спортска Димензија, најдобриот стрелец во Супер лигата од сезона 2023/24, Наум Костов, е блиску до договор со еден од тимовите што обезбедија опстанок во елитното друштво – Куманово.

Охриѓанецот во сезоната што заврши го носеше дресот на Струга, но клубот не успеа да го сочува суперлигашкиот статус, откако во баражот беше поразен од Младост Богданци, па речиси извесно беше дека десното крило ќе ја промени средината.

За Костов, Куманово нема да биде непозната средина, бидејќи таму настапуваше во вториот дел од сезона 2023/24. Во Куманово пристигна од Аеродром, клуб со кој играше и во Првата и во Супер лигата, а добрите партии во двата клуба му овозможија да се врати во матичниот Охрид.

Силната конкуренција во редовите на „гладијаторите“ си го направи своето, па за поголема минутажа играше во Струга. Костов пред една недела беше дел и од машката репрезентација на Македонија во ракомет на плажа, која настапи на ИХФ Светската турнеја во полскиот град Плоцк, собирајќи драгоцено искуство.

Неговата брзина, реализација, искуство и ефикасноста од ударите од седум метри ќе бидат голем адут за Куманово во новата натпреварувачка сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT