Бекот кој блескаше во Струга пред трансфер во ПАОК

111

Најдобриот стрелец од 51. издание на меѓународниот турнир во Струга, Мерис Бошњак, најверојатно својата интернационална кариера ќе ја продолжи во нашиот јужен сосед, дознава Спортска Димензија.

Младиот бек од Црна Гора последните две сезони ги мина во Асобал лигата, настапувајќи за Уеска, а еден период беше надвор од терените поради повреда.

За Бошњак најголем интерес покажал амбициозниот ПАОК од Солун, па во следниот период се очекува официјализирање на соработката.

Бошњак во Шпанија пристигна од Македонија, поточно од Струга, во летото 2024 година. Во нашата Супер лига беше дел и од Еурофарм Пелистер 2.

Одличните партии за Струга, клуб во кој беше најдобар стрелец и се етаблираше како еден од најдобрите бекови во суперлигашкото друштво, му донесоа трансфер во Асобал лигата.

 

„Лазаров е моја инспирација, од него научив сè што применувам во играта“

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT