Еден од низата таленти од Струга, Војо Клењоски, во новата сезона ќе настапува во Автокоманда, каде што ќе го носи дресот на Мулти Есенс.
Станува збор за ракометар кој зад себе имаше фантастична сезона, завршувајќи како најдобар стрелец во пионерската лига со дури 150 постигнати погодоци.
Клењоски е разноврсен играч кој подеднакво квалитетно може да одговори на две позиции – како десно крило и десен бек, што го прави исклучително важен соиграч и силно оружје во ротацијата.
Младиот стружанец во изминатите две сезони прикажа одлични партии во кадетската и пионерската лига, а иако има само 16 години, зад себе веќе има забележано и стекнато драгоцено суперлигашко искуство.
Неговиот трансфер во Мулти Есенс е уште една потврда дека Струга останува еден од главните расадници на македонскиот ракомет.
Мулти Есенс со освојувањето на шампионската титула во Првата лига успеа да се врати во суперлигашкото друштво.