МЗТ на гости во Словенија, Работнички на второ соочување со поранешниот европски првак

55

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје и најтрофејниот македонски клуб Работнички денеска се враќаат на обврските во АБА 2 лигата. Во рамки од 4. коло, тимот на МЗТ Скопје ќе биде гостин во Словенија кај Домжале, тим кој триумфираше во првото соочување со аеродромци. Словенечката екипа во Скопје славеше со 72:70. Денешниот натпревар меѓу Домжале и МЗТ Скопје ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.

Работнички првата победа во АБА 2 лигата ќе ја бара на втората пресметка против Босна. Поранешниот европски шампион го доби првиот натпревар во Скопје, славеше со 99:74. Клубот од Сараево освен победата против Работнички, на свое конто има уште еден триумф, оној во Црна Гора кај Сутјеска, додека во претходното коло беше поразен од Војводина.

Денешниот натпревар меѓу Босна и Работнички ќе се одигра со почеток од 20:00 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе