Мишовски со 12 интервенции во новата победа на Драва Птуј

35

Македонецот Даниел Мишовски продолжува со одличните настапи за својот нов клуб во Словенија. Младиот голман во натпревар од 5. коло во тамошната М20 лига се покажа во добро светло, а неговиот Драва Птуј славеше над Арконт Радгона со шест гола разлика, 35:29.

Мишовски имаше свој удел во победата, забележувајќи 12 интервенции, од кои една од седум метри. Во претходното коло, против Ормож, македонскиот голман имаше уште подобар учинок, со 14 одбрани.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе