Ангеловски прозиваше – Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовки

2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе биде исклучително интересна за следење во претстојната сезона, пред сè поради засилувањата кои пристигнаа во Битола. Вториот тим на битолчани денеска ги означи подготовките, а во „двојката“ има четири нови имиња.

Тоа се Марко Трајков (Пролет), Божидар Илиески (Прилеп), Кристијан Симоноски (Алкалоид) и Александар Стојков (Куманово), а во стручниот штаб на новиот тренер Бранислав Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).

Тимот, предводен од Ангеловски, во новите предизвици ќе се потпре и на богатото искуство на Стефан Дрогришки. Искусниот ракометар како капитен пред една сезона го врати Еурофарм Пелистер 2 во Супер лигата, а со своето богато искуство, во кое има и настапи во Лигата на шампионите, ќе биде еден од лидерите на младата битолска екипа и во претстојната сезона. 

Битолскиот состав е редовен учесник во суперлигашкото друштво уште од сезона 2020/21. Единствен исклучок беше натпреварувачката сезона 2024/25, кога тимот настапуваше во Првата лига. Сепак, таа епизода заврши со доминација – Еурофарм Пелистер 2 го освои првото место без ниту еден загубен бод, експресно обезбедувајќи го враќањето таму каде што припаѓа.

Со оглед на новите засилувања и стабилната структура, помладиот битолски суперлигаш во новата сезона влегува со аспирации за подобар пласман од изминатата сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT