Три нови имиња во тимот на Алкалоид

53

Тимот на Алкалоид со денешниот тренинг во Автокоманда означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која покрај домашните обврски, ќе има и европски настапи.

Во составот предводен од легендарниот Кире Лазаров има три нови имиња. Тоа се Нејц Цехте, Вуко Борозан и Матиц Сухолежник.

Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за Еурофарм Пелистер.

Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32) е добро познат ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од  Европа, Блискиот исток и Македонија. Висок е 203 сантиметри и одлично ја познава македонската Супер лига. Борозан последниот клупски ангажман го имаше во Охрид, клуб во кој дојде од Вардар.

Матиц Сухолежник е 31 годишен пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT