Од Битола во Бундес лигата: Алем Хаџиќ потпиша за Хамбург

199

Репрезентативецот на БиХ, Алем Хаџиќ, по разделбата со Еурофарм Пелистер експресно пронајде нов ангажман и во следната сезона ќе настапува во најсилната лига на светот – Бундес лигата.

Средниот бек се договори на соработка со поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, тимот на Хамбург. Во бундеслигашот постепено ќе добива минутажа во сениорскиот состав, а покрај настапите за првиот тим ќе игра и за вториот тим на Хамбург, кој се натпреварува во Третата Бундес лига.

Хаџиќ во Битола пристигна во 2023 година од Коњух Живинице. Најпрво настапуваше за вториот тим на Еурофарм Пелистер, а со своите одлични настапи брзо избори место и во првиот тим.

Беше дел и од младинската екипа, со која во сезона 2024/25 испиша историја, пласирајќи се на завршниот турнир (Ф4) од младинската Лига на шампини во Келн.

Со Еурофарм Пелистер во претходните две сезони настапи и во европската елита, каде што имаше можност да се натпреварува со најдобрите европски екипи и да стекне драгоцено искуство.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT