Во периодот на летните трансфер активности, довчерашниот член на Тиквеш, Томче Стојановски, направи нов ангажман и ќе настапува во странство.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик, откако се договори на соработка со италијанскиот Сасари.
Стојановски минатото лето од Вардар пристигна во тимот на Тиквеш, со кого настапи и на европската сцена, а најголемиот дел од кариерата го мина во Бутел Скопје.
26-годишниот Стојановски во сезона 2024/25 со Вардар го освои Куп-трофејот. Покрај тоа што може да покрие и на позицијата лев бек, одлично се снаоѓа и во дефанзивата и во изминатите сезони беше еден од најдобрите дефанзивци во најквалитетното домашно натпреварување.

Што се однесува до тимот на Тиквеш, наскоро се очекува да бидат објавени уште неколку засилувања. Досега, кавадаречкиот клуб ги ангажираше Томислав Димковски (Пролет), Мохамед Бен Махфуд (Еурофарм Пелистер 2), како и Тоше Ончев и Борјан Цековски (Куманово).