Мемиќ верува во младите: Како колектив можеме до добар пласман во Супер лигата

117

Еурофарм Пелистер 2 во текот на вчерашниот ден ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која амбициите на битолскиот тим ќе бидат остварување на подобар пласман во однос на минатата сезона во најквалитетното домашно натпреварување.

Покрај новиот тренер, искусниот Бранислав Ангеловски, во стручниот штаб ќе работи и Фарук Мемиќ, кој ќе ја има улогата на помошен тренер.

„Особено сум горд на фактот што дури 15 играчи, од вкупно 20 што се на располагање во моментот се од младинските школи на клубот, сум им бил лично јас тренер, освен на новајлиите на 4-5, на кои што не сум им бил, дури со еден играч заедно сме играле, тоа е капитенот Стефан Дрогришки. Јас верувам во оваа екипа и како колектив сите заедно сме убедени дека можеме да го достигнеме максимумот, што подобар пласман во Супер лигата“, вели Мемиќ.

Освен што ќе биде асистент на Ангеловски, Мемиќ ќе биде координатор на сите младински школи на битолскиот колектив.

Еурофарм Пелистер 2 е редовен учесник во суперлигашкото друштво уште од сезона 2020/21. Единствен исклучок беше натпреварувачката сезона 2024/25, кога тимот настапуваше во Првата лига. Сепак, таа епизода заврши со доминација – Еурофарм Пелистер 2 го освои првото место без ниту еден загубен бод, експресно обезбедувајќи го враќањето таму каде што припаѓа.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT