Машката кадетска репрезентација на Македонија за неколку дена ја очекува настап на Европското првенство во Србија.
Во тек се финалните подготовки за кадетскиот континентален собир, а денешниот ден младите македонски ракометари, заедно со стручниот штаб, го искористија за тим-билдинг и заедничко дружење.
Кадетите го посетија Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“, каде што беа пречекани од отец Агатон.
Тој на ракометарите им подари икона, со желба за благослов, среќа и успех пред големиот предизвик што им претстои.

Македонија на Европското првенство ќе настапува во група со селекциите на Франција, Шведска и Словенија.