ТФТ се пофали со ново име – потпиша Тео Симиќ!

287

Екипата на ТФТ во продолжението од сезоната ќе биде посилна со македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ, син на нашата кошаркарска легенда Тони Симиќ. Младиот кошаркар по кратката авантура во шпанскиот Прат, за првпат ќе заигра во домашниот шампионат.

Симиќ уште од мала возраст беше надвор од татковината. Во Барселона ги  мина сите младински категории, а минатата сезона беше дел од Борац Бања Лука.

20-годишниот центар е третиот репрезентативец на Македонија кој оваа сезона ќе ги брани боите на ТФТ, по Адем Мекиќ и Страхил Николов. Неговото деби во дресот на ТФТ би требало да биде в понеделник, во соседското дерби со Работнички.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе