Костадиновски повторно во Супер лигата – ќе брани за Струга!

18

Битолчанецот Кристијан Костадиновски, по една сезона помината во Првата лига, повторно ќе има можност да ги покаже своите квалитети во најквалитетното домашно натпреварување.

Костадиновски ќе биде дел од новиот амбициозен проект на Струга. Тој настапи на трите натпревари на традиционалниот Струшки турнир, а деновиве се очекува да биде официјализирана соработката меѓу двете страни.

Младиот голман минатата сезона ја мина во редовите на Младост и беше еден од најзаслужните за кам-бекот на клубот од Богданци во Супер лигата. 

Претходно беше дел од Радовиш, клуб со кој настапуваше во Првата и Супер лигата, а бранеше и за својот матичен клуб Еурофарм Пелистер.

Освен Костадиновски, во Струга има уште еден голман од Битола, искусниот Мартин Јовановски, кој исто така е едно од неколкуте засилувања во тимот. Тука е и Дамјан Тутенкоски, па Струга ќе има тројца квалитетни голмани на располагање.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT